23/04/2024
Регион/Свет

Светски ден на дивиот жив свет

Светскиот ден на дивиот жив свет е можност да се прослават многу убави и различни форми на дивата флора и фауна и да се подигне свеста за мноштво на бенефиции кои конзервацијата им го обезбедува на луѓето. Во исто време, овој ден не потсетува на итната потреба да се засили борбата против криминалот врз дивите животни, кој има широк опсег на економски, еколошки и социјални влијанија.

Дивиот жив свет, флората и фауната, имаат внатрешна вредност и придонесуваат за еколошките, генетските, социјалните, економските, научните, образовните, културните, рекреативните и естетските аспекти на одржливиот развој и човековата благосостојба. Од тие причини, сите држави-членки, системот на Обединетите нации и други меѓународни организации, како и граѓанското општество, невладините организации и поединци, се повикуваат да ги набљудуваат и да се вклучат во оваа глобална прослава на дивиот жив свет. Локалните заедници може да имаат позитивна улога во помагањето за спречувањето на илегалната трговија со диви животни.

Темата на Светскиот ден на дивиот жив свет 2018 е: „Големи мачки: предаторите под закана“.

Големите мачки се меѓу најшироко признатите животни на кои многумина им се восхитуваат низ целиот свет. Меѓутоа, овие харизматични предатори денес се соочуваат со многу различни закани, кои најчесто се предизвикани од човечки активности. Генерално, нивната популација се намалува со вознемирувачка стапка поради губење на живеалиштата, конфликти со луѓето, криумчарење и нелегална трговија. На пример, популациите на тигрите се намалија за 95% во текот на изминатите 100 години, а популациите на лав од Африка паднаа за 40% за само 20 години. Но, во тек се низа мерки за спречување на овој пад.

Светскиот ден на дивиот свет 2018 ни дава можност да ја подигнеме свеста за нивната положба и да ја поттикнеме поддршката за многуте глобални и национални акции што се во тек за спасување на овие видови.

WebOhrid