25/04/2024
Регион/Свет

Светски ден на пчелите

Пчелите и другите запрашувачи (поленатори), како што се пеперутките, лилјаците и колибрите, се повеќе се загрозени од активностите на човекот.

Запрашувачите – поленатори, дозволуваат репродукција на многу растенија и култури. Тие, не само што директно придонесуваат за безбедноста на храната, туку се клучни и за зачувување на биолошката разновидност, камен-темелник на целите за одржлив развој. Тие, исто така, служат како стражари за евентуалните еколошки ризици, сигнализирајќи го здравјето на локалните екосистеми.

Инвазивните инсекти, пестицидите, промените во користењето на земјиштето и монокултурните практики можат да ги намалат достапните хранливи материи и да претставуваат закана за пчелните колонии.

За да се подигне свеста за важноста на поленаторите, заканите со кои се соочуваат и нивниот придонес кон одржливиот развој, ОН го назначи 20 мај како Светски ден на пчелите.

20 мај се совпаѓа со роденденот на Антон Јанша, кој во 18 век се смета за пионер во пчеларството, употребувајќи современи техники за пчеларство во својата родна Словенија, ценејќи ги пчелите за нивната способност да работат толку напорно, додека од друга страна потребно им е само мало внимание.

WebOhrid