19/04/2024
Регион/Свет

Светски ден на слободата на печатот/медиумите

Светскиот ден на слободата на печатот е прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во декември 1993 година, по препорака на Генералната конференција на УНЕСКО. Тоа е можност да се прослават основните принципи на слободата на печатот, да се процени состојбата со слободата на медиумите во светот, да се одбранат медиумите од нападите врз нивната независност, како и да им се оддаде почит на новинарите кои ги загубија своите животи во вршење на службената должност.

Темата на одбележувањето во 2019 година е „Медиуми за демократија: Новинарството и изборите во време на дезинформација“, тема која ги истакнува актуелните предизвици со кои се соочуваат медиумите за време на избори, заедно со потенцијалот на медиумите во поддржувањето на мирот и процесот на помирување.

WebOhrid