26/04/2024
Регион/Свет

Светски ден на водените живеалишта

2 февруари секоја година се одбележува како Светски ден на водените живеалишта (мочуришни предели, блата). Овој ден го означува датумот на усвојување на Конвенцијата за мочуришта на 2 февруари 1971 година, во иранскиот град Рамсар на бреговите на Каспиското Море.

Почнувајќи од 1997 година, секоја година Рамсарскиот Секретаријат обезбедува материјали за да помогне да се подигне јавната свест за важноста и вредноста на мочуриштата.

Темата за 2018 година е: „Урбаните мочуришта ги прават градовите погодни за живот“.

Повеќе од половина од светското население живее во градови. До 2050 година, тој процент се очекува да се зголеми на две третини.

Урбаните мочуришта имаат многу предности и се важни за да се направат градовите погодни за живот. На пример:

  • Намалување на поплавите;
  • Обнова на вода за пиење;
  • Филтер на отпадот и подобрување на квалитетот на водата;
  • Подобрување на урбаниот квалитет на воздухот;
  • Промовирање на човечката благосостојба;
  • Овозможува луѓето да заработуваат за живот.

https://youtu.be/v3GXlESxaR4