20/04/2024
Регион/Свет

Светски ден на водите

Светскиот ден на водите се одбележува на 22 март секоја година. Водата е од суштинско значење во секој елемент од животот, а повеќе од суштинско е значењето да се задоволи жедта или за заштита на здравјето на луѓето. Водата е од витално значење, почнувајќи од создавање на работни места, преку поддршка на економскиот, социјалниот и развојот на човекот.

Денес, постојат повеќе од 663 милиони луѓе кои живеат без безбедно снабдување со вода во близина на домот, трошат безброј часови чекајќи или одејќи кон далечните извори, како и се справуваат со влијанието од користењето на контаминирана вода врз нивното здравје.

Штетата врз животната средина, заедно со климатските промени, ја води кризата поврзана со водата што ја гледаме низ целиот свет. Поплавите, сушите и загадувањето на водата се влошуваат од деградираната вегетација, почва, реки и езера.

Кога ги занемаруваме нашите екосистеми, им отежнуваме на сите да обезбедиме вода која ни треба за да преживееме и да напредуваме. Треба да направиме многу повеќе за „зелената“ инфраструктура и да ја усогласиме со „сивата“ инфраструктура секогаш кога е можно. Садење нови шуми, повторно поврзување на реките со поплавените површини и обновување на мочуриштата ќе го ребалансираат циклусот на водата и ќе го подобрат човековото здравје и благосостојба.

WebOhrid