18/04/2024
Регион/Свет

Светски ден на здравјето 2018

“Здравјето е човеково право. Никој не треба да се разболи или да умре само затоа што не може да пристапи до услугите што му се потребни.” – Dr Tedros Adhanom Ghebreyesus

Вовед

Светската здравствена организација е заснована на принципот дека сите луѓе треба да бидат способни да го остварат своето право на највисоко можно ниво на здравје. Уставот на СЗО стапи на сила на 7 април 1948 година.

Затоа “#HealthForAll” е водечката визија на СЗО повеќе од седум децении. Тоа е, исто така, поттик за организацијата во целиот свет за поддршка на земјите во движење кон Универзалната здравствена покриеност (УЗП).

Искуството секогаш и повторно покажа дека Универзалната здравствена покриеност се постигнува кога политичката воља е силна.

Така, во оваа 70-та годишнина, СЗО ги повикува светските лидери да ги исполнат ветувањата што ги дадоа кога се согласија со целите за одржлив развој во 2015 година и да се посветат на конкретни чекори за унапредување на здравјето на сите луѓе. Ова значи да се обзбеди секој, насекаде да добива здравствени услуги што му се потребни без да се соочи со финансиски тешкотии.

Организацијата ќе го задржи високо фокусот за универзално здравствено покривање преку серија настани во 2018 година, почнувајќи од Светскиот ден на здравјето на 7 април, со глобални и локални разговори за начините за постигнување на Здравје за сите.

health cover

Зошто е важна Универзалната здравствена покриеност?

Земјите кои инвестираат во универзалната здравствена покриеност прават добра инвестиција во нивниот човечки капитал. Во последниве децении, универзалната здравствена покриеност се појави како клучна стратегија за постигнување напредок кон други здравствени и пошироките развојни цели. Пристапот до есенцијална квалитетна нега и финансиска заштита не само што го подобрува здравјето на луѓето и очекуваниот животен век, туку ги штити земјите од епидемии, ја намалува сиромаштијата и ризикот од глад, создава работни места, поттикнува економски раст и ја зголемува родовата еднаквост.

Што може да направи Светскиот ден на здравјето?

Некои земји веќе постигнаа значителен напредок кон универзалната здравствена покриеност. Но, половина од светското население сè уште не е во можност да ги добие здравствените услуги што им се потребни. Доколку земјите треба да ја постигнат целта на одржливите развојни цели, една милијарда луѓе треба да имаат корист од УЗП до 2023 година.

Светскиот ден на здравјето ќе блеска во центарот на вниманието за потребата од УЗП – и користа што може да ја донесе. СЗО и нејзините партнери ќе споделат примери на чекори што треба да се преземат за да се постигне низ серија настани и преговори што се одржуваат на повеќе нивои.

Во текот на 2018 година, имаме за цел да ги инспирирамемотивираме и насочувамезаинтересираните страни за УЗП да се посветат на УЗП преку:

  • Инспирација– нагласувајќи ја моќта на креаторите на политиката за да се трансформира здравјето на својата нација, обликувајќи го предизвикот како возбудлив и амбициозен, како и повикувајќи ги да бидат дел од промената.
  • Мотивирање – преку споделување примери за тоа како земјите веќе напредуваат кон УЗП и охрабрувајќи ги другите да го најдат сопствениот начин.
  • Водење – преку обезбедување алатки за структуриран политички дијалог за тоа како да се унапреди УЗП во земјата или да се поддржат таквите напори во други земји (на пример, проширување на покриеноста со услуги, подобрување на квалитетот на услугите, намалување на плаќањето од џебот на луѓето).

Tема, слоган и хаштаг

  • Темата на Светскиот ден на здравјето е: Универзална здравствена покриеност: секој, насекаде.
  • Слоганот е “Здравје за сите”.
  • Примарните хаштази што ги користиме се #HealthForAll и #WorldHealthDay

whd2018-social-media-uhc2

Постери

Ние развивме група постери за да ја започнеме кампањата – на шест официјални јазици на СЗО: на арапски, кинески, англиски, француски, руски и шпански. Секој постер покажува луѓе или заедници кои примаат здравствени услуги и / или обезбедуваат здравствени услуги.

Постерите се достапни на: www.who.int/healthforall

world-health-day_euro_TB-check_poster

Клучни пораки за Светскиот ден на здравјето 2018

  • Општата здравствена покриеност е да се осигура дека сите луѓе можат да добијат квалитетни здравствени услуги, каде и кога им се потребни, без да имаат финансиски тешкотии.
  • Здравјето е човеково право. Никој не треба да избере меѓу добро здравје и други животни потреби.
  • Универзалната здравствена покриеност е клучна за здравјето и благосостојбата на луѓето и нациите.
  • Универзалната здравствена покриеност е можна. Некои земји постигнаа голем напредок. Нивниот предизвик е да се одржи покриеност за да се исполнат очекувањата на луѓето.
  • Сите земји ќе пристапуваат кон универзалната здравствена покриеност на различни начини: Не постои само еден начин кој одговара на сите. Но, секоја земја може да направи нешто за да го унапреди општото здравје.
  • За да се направи здравствените услуги да бидат навистина универзални, бара промена од дизајнирање на здравствените системи околу болестите и институциите кон здравствени услуги дизајнирани околу и за луѓето.
  • Секој – поединци, заедници, градови, здравствени работници, организации на граѓанското општество, медиуми, влади – можат да играат улога на патот кон универзална здравствена покриеност, земајќи учество во еден разговор за универзална здравствена покриеност.

Премногу луѓе во моментов пропуштаат здравствена покриеност

“Универзална” во универзална здравствена покриеност значи “за сите”, без дискриминација, не оставајќи никој зад себе. Секој насекаде има право да има корист од здравствените услуги што му се потребни, без да западне во сиромаштија кога ги користи.

Еве неколку факти и бројки за состојбата на универзалната здравствена покриеност денес:

  • Најмалку половина од луѓето во светот во моментов не можат да добијат есенцијални здравствени услуги.
  • Речиси 100 милиони луѓе се втурнати во екстремна сиромаштија, принудени да преживеат со само 1.90 долари или помалку на ден, бидејќи мора да плаќаат за здравствени услуги од своите џебови.
  • Над 800 милиони луѓе (речиси 12 проценти од светската популација) трошат најмалку 10 проценти од своите буџети за домаќинство за здравствени трошоци за себе, за болно дете или за член на семејството. Тие имаат т.н. “катастрофални расходи”.
  • Правењето катастрофални трошоци за здравствена заштита е глобален проблем. Во побогатите земји во Европа, Латинска Америка и делови од Азија, кои имаат постигнато висок степен на пристап до здравствени услуги, зголемен е бројот луѓе што трошат најмалку 10 проценти од нивните домашни буџети за здравствени трошоци од сопствениот џеб.

Што е универзална здравствена покриеност

  • Универзалната здравствена покриеност значи дека сите луѓе и заедници ги добиваат здравствените услуги што им се потребни без да се соочуваат со финансиски тешкотии.
  • Универзалната здравствена покриеност му овозможува на секој пристап до услугите кои се однесуваат на најважните причини за болеста и смртта и гарантира дека квалитетот на тие услуги е доволно добар за да го подобри здравјето на луѓето кои ги примаат.

Што не е универзалнa здравствена покриеност

  • Општа здравствена покриеност не значи бесплатна покриеност за сите можни здравствени интервенции, без оглед на трошоците, бидејќи ниедна земја не може да ги обезбедува сите услуги бесплатно на одржлива основа.
  • Универзалната здравствена покриеност не е само за да се обезбеди минимален пакет на здравствени услуги, туку и за обезбедување прогресивно проширување на покриеноста со здравствените услуги и финансиска заштита, бидејќи повеќе ресурси (средства) ќе станат достапни.
  • Универзалната здравствена покриеност не е само за лекување на поединци, туку вклучува и услуги за цели популации, како што се кампањите за јавно здравје – на пример: за додавање на флуор во водата или за контрола на размножување на комарците кои носат вируси кои можат да предизвикаат болест.
  • Универзалната здравствена покриеност не е само за здравствена заштита и финансирање на здравствениот систем на една земја. Ги опфаќа сите компоненти на здравствениот систем: системи и даватели на здравствени услуги кои обезбедуваат здравствени услуги за луѓето, здравствените установи и комуникациските мрежи, здравствените технологии, информативните системи, механизмите за обезбедување на квалитет, управување и законодавство.

Како може да се вклучите за Светскиот ден на здравјето 2018

Секој може да се вклучи; со стимулирање на разговори и придонес кон структуриран дијалог кон политиките кои й помагаат на вашата земја да постигне  одржување на универзална здравствена покриеност.

Поточно,

  • Поединците го користат својот глас за да бараат добри здравствени услуги и финансиска заштита.
  • Граѓаните дебатираат и формираат колективни ставови што ги пренесуваат и на законодавната и на извршната власт.
  • Политичките партии ги креираат своите програми за да ги задоволат изразените потреби на нивните поддржувачи.
  • Парламентарните здравствени комисии и здравствените групи посредуваат меѓу оние кои развиваат политика и оние кои ја спроведуваат.
  • Владата спроведува промени во политиката за подобрување на здравјето и поттикнување на економскиот раст и социјалниот развој.
  • Професионалните здруженија ја штитат благосостојбата на работната сила.
  • Граѓанските организации работат на терен за да го претставуваат гласот и грижите на различните групи на население.
  • Медиумите го зголемуваат разбирањето на универзалното здравство, како и транспарентноста и одговорноста во креирањето политики.

На која било група припаѓате, исто така можете да преземете водство.

Неколку идеи за тоа што може да направите

Влада

  • Вклучете се во структурирани разговори со широк спектар на засегнати страни во заедницата кои се засегнати и од суштинско значење за обезбедување универзална здравствена покриеност.
  • Согледајте ги барањата, мислењата и очекувањата на населението во однос на прашањата поврзани со УЗП за подобрување на одговорите на политиката. Населението може да се консултира, на пр. преку дијалог лице в лице, анкети или референдум.
  • Соработувајте со организациите и шампионите за универзална здравствена покриеност за да ги истражите можните решенија за универзална здравствена покриеност.

Поединци, граѓанско општество и здравствени работници

  • Запознајте ги локалните донесувачи на политики, политичари, министри и други претставници на народот за вашите потреби, мислења и очекувања.
  • Направете неопходна врева за да се осигурате дека вашите здравствени потреби во заедницата се земаат во предвид и претставуваат приоритет на локално ниво, вклучително и преку социјалните медиуми.
  • Поканете ги организациите на граѓанското општество да помогнат во подигнувањето на свеста за потребите на вашата заедница кај вашите креатори на политики.
  • Споделете ги своите приказни (сведоштва) како засегнати заедници и пациенти со медиумите.
  • Организирајте активности како форуми за дискусија, политички дебати, концерти, маршеви и интервјуа за да им се овозможи на луѓето да комуницираат со своите претставници на тема УЗП преку медиуми и социјални медиуми.

Медиуми

  • Истакнете ги иницијативите и интервенциите кои помагаат да се подобри пристапот до квалитетни услуги и финансиска заштита за луѓето и заедниците.
  • Покажете што се случува кога луѓето не можат да ги добијат услугите што им се потребни.
  • Истакнете ги донесувачите на одлуки и политичарите како одговорни, на пр. преку документарни филмови за ветувањата што ги направија за УЗП и предностите, слабостите и новите предизвици за решавање (на пример, зголемувањето на незаразните болести, стареењето на населението).
  • Креирање платформи за дијалог меѓу корисниците,заедниците,нивните претставници и креаторите на политиките, на пр. преку ток-шоуа, интервјуа и радио-дебати.

Споделете информација и придружете се на дискусиите преку социјалните медиуми

Преку кампањи ќе комуницираме на нашите канали на социјалните медиуми:

 https://www.facebook.com/WHO/

https://twitter.com/who (@WHO)

 https://www.youtube.com/c/who https://www.instagram.com/who/@worldhealthorganization