19/04/2024
Регион/Свет

Светски ден на животната средина

Светскиот Ден на животната средина е водечкиот/најзначајниот еколошки настан, кој се слави секоја година на 5 јуни во повеќе од 100 земји ширум светот. Воспоставен е во 1972 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации и неговото одбележување и е доделено на Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП).

За 5 јуни да се воспостави како Ден на животната средина, целта била да се привлече вниманието на општеството, а посебно политиката, за последиците од еколошките промени и да се преземаат определени активности за заштита на животната средина. Во суштина, се одбележува во многу градови, училишта и асоцијации, вообичаено се организираат пригодни предавања, семинари, улични манифестации и сл.

Светскиот Ден на животната средина исто така треба да претставува и „интелектуален настан”, кој ќе обезбедува можности за семинари, работилници и симпозиуми за заштита на еколошкото здравје на нашата планета во корист на идните генерации. Медиумите имаат клучна улога, бидејќи настанот инспирира илјадници новинари од целиот свет да известуваат за животната средина.

„Да го победиме пластичното загадување“ е темата за Светскиот ден на животната средина за 2018 година, а претставува повик за акција за сите нас да се здружиме за да се бориме со еден од големите еколошки предизвици на нашето време. Избрана од страна на овогодинешниот домаќин, Индија, темата на Светскиот ден на животната средина 2018, ги повикува сите да размислат како можеме да направиме промени во нашиот секојдневен живот за да го намалиме тешкото оптоварување на пластичното загадување на нашите природни места, нашиот див свет – и нашето сопствено здравје.

Додека пластиката има многу вредни примени, станавме премногу зависни од пластика за еднократна употреба – со сериозни еколошки последици. Во светот, секоја минута се купуваат 1 милион пластични шишиња за пиење. Секоја година користиме до 5 трилиони пластични кеси за еднократна употреба. Вкупно, 50 проценти од пластиката што ја употребуваме е за еднократна употреба.

Речиси една третина од пластичната амбалажа што ја користиме им „бега“ на системите за собирање, што значи дека завршува со затнување на нашите градски улици и загадување на нашата природна околина. Секоја година, дури 13 милиони тони пластика стигнува до океаните, каде ги уништува коралните гребени и му се заканува на ранливиот морски жив свет. Пластиката што завршува во океаните може да ја заобиколи Земјата четири пати во една година и тоа може да трае до 1.000 години пред целосно да се распадне.

Пластиката, исто така, се пробива во нашето водоснабдување – и на тој начин во нашите тела. Каква штета предизвикува тоа? Научниците се уште не се сигурни, но пластиката содржи голем број на хемикалии, од кои многу се токсични. Пластиката, исто така, може да послужи како магнет за други загадувачи, вклучувајќи и диоксини, метали и пестициди.

WebOhrid