26/04/2024
Регион/Свет

Светски ден за борба против дезертификацијата

Во 1994 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 17-ти јуни за Светски ден за борба против дезертификацијата (опустинувањето и сушата), за подигнување на јавната свест за ова прашање, како и спроведувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против дезертификацијата (UNCCD) во земјите кои се соочуваат со сериозни суши и/или опустинување, особено во Африка.

Темата за 2018 година е: „Земјата има вистинска вредност – инвестирајте во неа“. Вашиот избор ги одредува идните сценарија за одржлив раст и развој. Во 2018 година, кампањата на Светскиот ден за борба против опустинувањето ве поттикнува да се движите подалеку од неодржливо користење на земјиштето и да направите разлика со инвестирање во иднината на земјиштето.

Секој од нас има важна улога, да ја знае вистинската вредност на земјиштето и да инвестира:

  • Трошење пари на органски и добри трговски производи за да се избегне деградација на земјиштето.
  • Заштита и зачувување на вредноста на земјиштето.
  • Набљудување на Светскиот ден за борба против опустинувањето, поддршка на одржлив начин на живеење, производство и конзумирање.
  • Организирање на настани или започнување на иницијатива за промовирање на одржливо управување со земјиштето (SLM) и неутралност на деградацијата на земјиштето (LDN).
  • Споделување фотографии и видеа.

Во Агендата за одржлив развој 2030 стои дека: „ние мораме да ја заштитиме планетата од деградација, вклучително и преку одржлива потрошувачка и производство, одржливо управување со природните ресурси и преземање на итна акција за климатските промени, така што со тоа би се поддржале потребите на сегашните и идните генерации“.

WebOhrid