16/07/2024
Регион/Свет

Светски ден за заштита на менталното здравје

Светскиот ден за заштита на менталното здравје се одбележува во организација на Светската федерација за ментално здравје (WFMH) од 1992 година, на 10 Октомври секоја година во повеќе од сто земји низ целиот свет.

Менталното здравје е составен дел на општото здравје. Тоа претставува важен ресурс за поединецот, семејството и нацијата. Проблемите и пореметувањата на менталното здравје, поради релативно високата преваленца и често хроничниот тек, како и почетокот во младата возраст и адолесценцијата, претставуваат еден од приоритетните јавно-здравствени проблеми.

WebOhrid