19/04/2024
Охрид

Светскиот ден на учителот, Детската недела и 11ти Октомври одбележани во ОУ „Живко Чинго“

Светскиот ден на учителот, Детската недела и 11ти Октомври се одбележаа во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти. Од училиштето до WebOhrid, испратија соопштение, кое го пренесуваме во целост:

„Овие денови имаат големо значење. Оваа недела е Детска недела, недела која светската заедница им ја посвети на децата, недела која не обврзува да го свртиме целото свое внимание кон најмалите, а тоа се децата, недела која почнува со најубавиот, Светски ден на детето.

,,Имаме право на посреќно детство“ е годинешното мото, но воедно и пораката до сите возрасни кои се должни да им се посветат на децата, да им обезбедат нормални услови за живот, образование, културно живеење, заштита од секаков вид злоупотреба и уште многу други услови.

Денес е празник и на најмалите наши другарчиња- првачињата, кои стануваат членови на ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА.

Денес го одбележавме и ПЕТТИ ОКТОМВРИ, ден како и секој друг, би рекол некој, но овој е посебен ден за нашите најмили, а тоа се нашите учители, ќе го одбележиме СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ. Ние учениците им го честитаме овој ден на сите учители и им посакуваме уште многу генерации да изведат на пат по кој не водат нас, а и многу други пред нас. Сакаме да им посакаме добро здравје и многу трпение за нас, а ние ветуваме дека ќе бидеме добри ученици.

Одбележавме и годишнина од Денот на народното востание во Македонија 11-ти Октомври, денот кога во Прилеп и Куманово пукнале првите пушки, со што бил означен почетокот на четиригодишната борба против непријателот. Во таа борба учествувале многу борци, а многу од нив го загубиле својот живот за денешната слобода.“– стои во соопштението од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти.