18/04/2024
Охрид

Свежо цвеќе по повод Денот на ослободувањето на Охрид

По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата.

Делегации од општина Охрид, од Сојузот на борци и останати претставници на политичкиот и јавниот живот од градов положија цвеќе и пред Спомен обележјето на Јасна Ристеска во с. Рамне каде се одржа панихида и културно- уметничка програма.

Свежо цвеќе беше положено и пред спомен обележјата од НОБ кај Градски гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.


WebOhrid / 07.11.2022 / Општина Охрид