20/04/2024
Охрид

Свикана четириесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ четириесет и четвртата  седница на Советот на општина Охрид на ден 29.06.2020 година (  понеделник ) со почеток во 11.00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записник од 43  седница

 

  1. Предлог- одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Центар- Скопје.
  2. Предлог- одлука за давање на времено користење на недвижен имот- градежно земјиште кое е Градежна парцела  1.2  од ДУП  УЗ 13 УБ 13.1, на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.
  3. Предлог- одлука за прифаќање на иницијативата за размена  на  градежно земјиште.
  4. Предлог- одлука за  измена и дополнување на одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документаци   како и за времен прекин на   постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти, бр. 08-3172/3 од 18.03.2020 година.
  5. Предлог-измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата наопштина Охрид 2020-2022.
  6. Предлог- одлука за давање согласност на текстот на Aнекс договор на договорот за ЈПП солемизиран кај Нотар Васил Кузманоски под ОДУ.бр.694/15 за поделба на недвижноста.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска