09/12/2024
Охрид

Свикана десеттата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007,01/08,10/10,05/11,09/14 и 14/14), претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е  ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДЕСЕТТАТА СЕДНИЦА  НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ десеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 08.05.2018 година (вторник) со почеток во 11:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Предлог-програма за измена и дополнување на програмата за работа во областа на располагање на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2018.

2. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за измена на статутот на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.

3. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација,со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 697/3 КО Трпејца.