26/04/2024
Охрид

Свикана педест и третата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14,14/14 и 10/19), претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ТРЕТАТА  СЕДНИЦА   
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ педесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден  29.12.2020 година ( вторник ) со почеток во 11:00 часот.

Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација во  11:00 часот.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записникот од 52 седница  

    1. Предлог – Одлука за верификација на мандат на член  во советот на општина Охрид.
    2. Предлог -Решение за именување член во комисијата за верификација, избори и именувања
    3. Предлог -Решение  за именување член  во комисијата за урбанизам.
    4. Предлог-Решение за именување член во комисијата за финансии и буџет.
    5. Предлог – програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2021 година.
    6. Предлог – програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2021 година.
    7. Предлог –  развојна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за период 2021 – 2023  година.
    8. Предлог – програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2021 година.
    9. Предлог – програма за заштита на животната средина и природата за 2021 година.
    10. Предлог – програма за спорт и рекреација за 2021 година.
    11. Предлог – програма за млади и невладини организации за 2021 година.
    12. Предлог – програма за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2021 година.
    13. Предлог – програма за детска заштита за 2021 година.
    14. Предлог – програма за социјална заштита за 2021 година.
    15. Предлог – програма за активностите  на општина Охрид во областа на културата за  2021 година.
    16. Предлог – Програма за одбележување празници и манифестации  во 2021 година.
    17. Предлог –  програма за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2021 година.
    18. Предлог – програма за работа на Советот на општина Охрид за 2021 година.
    19. Предлог – развојна програма за уредување градежно земјиште за 2021-2023 година.
    20. Предлог – програма за енергетска ефикасност за 2021 година.
    21. Предлог – програма за јавно осветлување за 2021 година.
    22. Предлог – програма за одржување на јавна чистота за 2021 година.
    23. Предлог – програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим  на сообраќај за 2021 година.
    24. Предлог – програма за  подигање и одржување на паркови и зеленило за 2021 година.
    25. Предлог – Развојна програма за други комунални услуги за 2021-2023 година.
    26. Предлог – програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за  2021 година.
    27. Предлог – програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2021 година.
    28. Предлог – развојна програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2021 до 2023 година.
    29. Предлог – развојна програма за изградба на системи за одведување и прочистување  на отпадни води за 2021 – 2023 година.
    30. Предлог – буџет на единицата на локалната самоуправа за 2021 година.
    31. Предлог – одлука за извршување на буџетот на Општина Охрид за 2021 година.
    32. Предлог- Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2021 година.
    33. Предлог – одлука за усвојување на Програмата за  работата на ЈП  „Водовод“ – Охрид за 2021 година.
    34. Предлог – одлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈП „Билјанини извори “ – Охрид за 2021 година.
    35. Предлог – одлука за усвојување на Планот и програмата за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2021 година.
    36. Предлог – одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за 2021 година.
    37. Предлог – одлука за усвојување на Програмата за тековно работење на ЈП„Нискоградба“ – Охрид за 2021 година.
    38. Предлог – одлука за усвојување на План Програмата за работа  и развој на ЈП Градски Пазар – Охрид за 2021 година.
    39. Предлог – програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година.
    40. Предлог- годишна програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година.
    41. Предлог – оперативна програма  за организирање и функционирање на службата за зимско одржување  на патишта и улици  на подрачјето на општина Охрид за 2021 година.
    42. Предлог-Одлука за пренесување на правото на користење на  движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“ – Охрид.
    43. Предлог-Одлука за пренесување на правото на користење на  движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ООУ “Григор Прличев“ – Охрид.
    44. Предлог-Одлука за пренесување на правото на користење на  движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ОСУ “Св. Климент Охридски“ – Охрид.
    45. Предлог-Одлука за пренесување на правото на користење на  движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на СОСУ “Св. Кирил и Методиј“ – Охрид.
    46. Предлог- Одлука за ослободување од плаќање надоместок за користење на спортки терен.
    47. Предлог- Одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште  на Кп.бр. 4035/1,4036/1, 4037/1, 4038/1,4036/2 и 4037/3 за   КО Охрид 4.
    48. Предлог- Одлука за формирање локалeн совет за превенција за подрачјето на општина Охрид.
    49. Предлог- Одлука за ослободување од плаќање надоместок на превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид.
    50. Предлог- Одлука за преземање на водоводот од МЗ Куратица и отстапување на ЈП„Водовод“ – Охрид.
    51. Предлог- Одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот за услуги на ЈП „Нискоградба“ – Охрид.
    52. Предлог- Одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП„Водовод“ – Охрид за 2021 година.
    53. Предлог- Одлука за дополнување на одлуката за утрдување на цени за користење на спортските објекти и  паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори – Охрид.
    54. Предлог- Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ -Охрид за регулиран период 2021-2023 година.