25/04/2024
Охрид

Свикана шеесет и петтата седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ПЕТТАТА
СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 ЈА СВИКУВАМ шеесет и петтата  седница на Советот на општина Охрид на ден 24.09.2021 година ( петок ) со почеток во 13.00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д
  1. Предлог – Одлука за збратимување на градот Охрид со градот Огроџењец-Република Полска.

 СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска