Свикана шеесет и втората седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 ЈА СВИКУВАМ шеесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 30.07.2021 година (петок) со почеток во 11:00 часот.

Седницата ќе се одржи во големата сала во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Предлог- Програма за измени на програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2021 година.
  2. Предлог- Програма за измени на програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2021 година.
  3. Предлог- Програма за измени на програмата за млади и невладини организации за 2021 година.
  4. Предлог- Програма за измени на програмата за активностите на Општина хрид во областа на културата за 2021 година.
  5. Предлог- Програма за измени на програмата за спорт и рекреација за 2021 година.
  6. Предлог- Програма за измена на програмата за активностите на општина охрид во областа на образованието за 2021 година.
  7. Предлог- Програма за измени на програмата за заштита на животната средина и природата за 2021 година.
  8. Предлог- Програма за измени на Програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2021 година.
  9. Предлог- Програма за измена на развојна програма за уредување на градежно земјиште за 2021-2023 година.
  10. Предлог- Програма за измена на програма за јавно осветлување за 2021 година
  11. Предлог- Програма за измена програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2021 година.
  12. Предлог- Програма за измена на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2021 година
  13. Предлог- Програма за измени на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2021 година.
  14. Предлог- Програма за измена на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2021 – 2023 година.
  15. Предлог- Програма за измени на развојната  програма за изградба на системи  за одведување и пречистување на отпадна вода за 2021-2023.
  16. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2021 година.
  17. Предлог- Одлука за одобрување на планската програма за поставување на група модуларни градби, наменати за вршење на здравствена дејност – Ковид центар во комплексот на општа болница – Охрид на Кп.бр. 9897/1 и Кп.бр. 9897/3 КО Охрид 2.
  18. Предлог- Одлука за давање согласност на Годишниот план за  вработување   на општина Охрид за 2022 година.
  19. Предлог- Одлука за утврдување локации за поставување подземни контејнери на подрачјето на општина Охрид.
  20. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на одлуката за основање на Центар за развој на Југозападниот плански регион број 07-2576/6 од 06.12.2007 година.
  21. Предлог- Одлука за давање согласност на одлуката за усвојување  на  годишен план за вработување во ЈП „Билјанини извори“ Охрид за 2022 година.
  22. Предлог- Одлука за давање согласност на одлуката за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши  ЈП”Градски гробишта” Охрид бр.02-1675/10 од 07.12.2018 година.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска