23/04/2024
Охрид

СВР ја реализира превентивно-едукативната кампања „Остани безбеден“

СВР Охрид и Отсекот за превенција, со помош на мисијата на ОБСЕ и РСБСП, вчера со учениците од прво до трето одделение од основните училишта, ја реализира превентивно-едукативната кампања „Остани безбеден“.

Со типизирани предавања, но и практично-преку поставен сообраќаен полигон, на учениците им беа презентирани основните сообраќајни правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот, им беше посебно укажано од потребата за внимателност од преминување преку коловозите и на пешачките патеки и премини како и почитување на поставената патна сигнализација.

Кампањата претставува обид за подигнување на сообраќајната култура кај најмладите и активност за одбележување на 11 мај – “Ден на култура во сообраќајот“.