20/04/2024
Охрид

СВР-Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема за контрола и заштита на шумите од пожар

Со цел поефиксна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, СВР Охрид, на целото подрачје реализира работни средби со претставници на Противпожарните единици, на Шумската полиција и подрачните единици на министерството за земјоделие и шумарство, на јавните претпријатија „Национални шуми“, надлежни државни инспекторати, раководителите на Дирекциите за заштита и спасување и Центрите за управување со кризи и на претставници од службите во локалните самоуправи.

Во таа насока, СВР-Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем.

Во соработка со територијалната против-пожарна единица, ЦУК, ЈП „Национални Шуми“,Националните паркови, шумската и граничната полиција, АРМ, органите на локалната самоуправа, Црвениот крст и другите надлежни субјекти и институции, ќе се следи состојбата на подрачјето во врска со пожарите и ќе се преземаат предвидени мерки за заштита но и навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите останати релевантни субјекти, за координирано преземање на натамошни мерки и нивно навремено локализирање.