23/04/2024
Охрид

СВР Охрид реализираше дел од кампањата „Превенција од кражби“

Во рамките на концептот „Полицијата со заедницата“, СВР Охрид и Отсекот за превенција, вчера на Градскиот пазар во Охрид, реализираше еден сегмент од кампањата – „Превенција од кражби“. Полициските службеници, низ директен контакт со граѓаните, ги запознаа со целите на кампањата, беше поделен едукативен материјал и низ кратки разговори со граѓаните ги советуваа да обрнат поголемо внимание каде ги носат паричниците и другите вредни предмети додека се на пазар или други јавни површини.

Кампањата „Полицијата и заедницата“ продолжува и на плажите, паркинг просторите и на други места во градот и крајбрежјето, а целта е зголемена заштита на граѓаните и туристите од сторители на кражби и тешки кражби во нивните патнички возила и во домовите, подигнување на безбедносната култура на граѓаните за потребата од поголема претпазливост, градење на партнерство и јакнење на меѓусебната доверба.