28/03/2024
Охрид

СВР со апел за безбедно одбележување на празникот Голема Богородица

Со цел безбедно одбележување на големиот православен празник Успение на пресвета Богородица – Голема Богородица на целото подрачје, СВР Охрид, презема низа мерки за обезбедување, пред се, на оние места каде, традиционално, има поголема посетеност од страна на верниците.

Планирани се мерки за обезбедување на собирот во селото Скребатно со физичко присуство на полициски службеници, кои, ќе се грижат и за доследна примена на безбедносно-здравствените препораки од Владата како и од Центарот за јавно здравје, за носење заштитни маски и одржување на социјална дистанца на просторот пред и во црковните објекти. Овие но и други останати мерки, СВР Охрид ги презема по претходна средба со претставници на Црковниот одбор на црквата „Св.Богородица“, според кои, одредени се лица во состав на редарската служба за навремена дезинфекција на црковните простории и кои ќе внимаваат да нема поголемо групирање на верници. Претставниците на СВР Охрид, беа информирани дека, поради актуелната состојба со Корона вирусот, годинава нема поставување шатори и кампување во црковниот имот, нема музичка програма и нема да се дели традиционалниот ручек на црковните ливади.

СВР упатува апел до верниците за достојно одбележување на празникот и строго придржување до безбедносно-здравствените протоколи и другите предвидени насоки на организаторот поврзани со одржување на верски собири и почитување на насоките на полициските службеници.