29/03/2024
Охрид

СВР трага по лице кое на телефон се претставува како полицаец и врши измама за наводно случена сообраќајна незгода

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое, деновиве преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, Струга и Кичево, лажно се претставува како полициски службеник и врши измама за наводно случена сообраќајна незгода во која жртви или тешко повредени, се членови на нивните семејста. Притоа, предизвикувајќи огромна вознемиреност, бара пари за понатамошна постапка.

СВР Охрид апелира до граѓаните да не наседнуваат на вака добиени телефонски известувања и истите да ги пријават на 192 или лично во најблиската полициска станица.