25/04/2024
Македонија

Tркалезна маса „Тековните трендови на миграција и баратели на азил во Република Македонија“

Денеска државниот секретар во министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска имаше поздравно обраќање на тркалезната маса „Тековните трендови на миграција и баратели на азил во Република Македонија“ организирана од страна на Хелсиншки комитет за човекови права, а поддржан од Европската унија.

На тркалезната маса се разгледуваа и дискутираа наодите на граѓанските организации за миграција и баратели на азил со претставниците од релевантните институции и јавноста. Истовремено беа претставени завршните наоди и препораки од Годишниот извештај за состојбата на бегалците, мигрантите и барателите на азил на територијата на Република Македонија за 2018 година подготвен од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.