28/03/2024
Охрид

Таневски: Да продолжиме да градиме стабилна држава со развојна и конкурентна економија

Изјава на Лазе Таневски, претседател на ОО на СДСМ Охрид и кандидат за пратеник од ИЕ 5

Почитувани граѓани, драги охриѓани,

Денес на почетокот на предизборната кампања за предвремените Парламентарни избори Ве повикувам да дадете поддршка за коалицијата МОЖЕМЕ предводена од СДСМ и нашата пратеничка листа во Изборната единица 5.

Гласот – ЗА, за Коалицијата МОЖЕМЕ и СДСМ е ГЛАС за стабилна и просперитена иднина на нашата земјата и за сите нејзини граѓани.

Јасна е разлика меѓу концептите на коалицијата Можеме и СДСМ и режимската, деструктивна понуда на ВМРО-ДПМНЕ.

На 15 јули изборот е едноставен – да продолжиме кон светлата иднина и да не се враќаме назад кон мрачното минато.

Гласајте за нас: За да добиеме функционално собрание со демократско и одговорно мнозинство и политичка влада со полн легитимитет за есента да ја дочекаме подготвени за новите предизвици кои Ковид-19 ги носи во сите сфери на живеењето, а особено во здравството и економијата.

 За време на кризата ќе ја задржиме минималната плата на 14.500 денари, а потоа ќе обезбедиме раст до 40% ,а просечната плата до крајот на мандатот ќе порасне до 30%

Гласајте за нас и за Недела – неработен ден за сите што сакаат да бидат со своите семејства.

 Со нас 34.000 домаќинства ќе примаат гарантирана минимална помош, а 65.000 деца, детски додаток.

Влеговме во НАТО можеме и во ЕУ. До 2024 ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ.

Гласајте за СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ за да ја спречиме опасноста од враќање на структурите кои газеа врз човековото достоинство, ја изолираа земјата, го поделија народот и ги однесоа парите на граѓаните надвор.

Да продолжиме да градиме стабилна држава со развојна и конкурентна економија, со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните, да сме рамо до рамо со најсилните.

Се залагаме за: правна и праведна, зелена еколошка, дигитализирана и иновативна земја за младите.

Изборите на 15 јули се толку блиску, за СДСМ здравјето на граѓаните е приоритет и ќе води безбедна кампања,

Одиме на победа ЌЕ ПОБЕДИМЕ – МОЖЕМЕ!