25/04/2024
Охрид

Театарска претстава за помош на Сара

На 11-ти ноември оваа година (недела), во 20 часот, во малата сала на Македонскиот народен театар во Скопје, ќе биде одиграна претставата „Не се клади на енглези“. Претставата има хуманитарен карактер, значи промоција на хуманите вредности и претставува помош за лекување на 15 годишната Сара Настеска од Охрид. Кај неа е дијагностицирана тешката болест Anemia Аplastica за што е неопходна е трансплантацијата на коскената срж.

Собраните средства од продажба на билетите ќе бидат донирани и наменети за нејзино ИТНО ЛЕКУВАЊЕ на детска клиника во Германија. Претставата ја играат: Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ,режисер е Синиша Евтимов кој го направи и преводот на текстот, чиј автор е Владимир Ѓурѓевиќ.