29/03/2024
ОхридСпорт

Тепачка помеѓу навивачките групи „Паткари“ и „Рибари“

На шести април оваа година околу 20 часот, на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, за време на спортски натпревар, предизвикано е насилство со тепачка. Најнапред, двајца навивачи од навивачката група „Паткари“ од Струга, се втурнале во навивачката група „Рибари“ од Охрид, а потоа и кон полициските службеници кои, преземале службени мерки за безбедност. Притоа, Б.Б. (20) од Струга физички нападнал униформиран полициски службеник.

СВР Охрид презема мерки за идентификација на неколку лица-членови на двете навивачки групи, кои учествувале во насилството.