16/04/2024
Охрид

Тепачка пред казино во Охрид

На 01.01.2019 година во 04:30 часот пријавено е дека пред казино на улица “Партизанска одреди” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка. По преземени мерки, констатирано е дека нарушувањето е извршено од лицата Н.Д.(35) и А.Ј.(52) од едната страна и Х.Л.(18), Д.В.(18), К.И.(18), Д.В.(20) и А.К.(20) од другата страна. На лицата Н.Д. и Х.Л. им е укажана лекарска помош.

Лицата се приведени во Полициска станица и против нив се поднесени соодветни поднесоци.