24/04/2024
Охрид

Тепачка во близина на СРЦ „Билјанини извори“

На 31.07.2019 година во 02,30 часот, во близина на Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(34) од Охрид и З.М.(47) од Битола од една и В.К.(26) од Битола, од друга страна.

А.Ј. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.