18/04/2024
Струга

Тепачка во кафетерија во Струга

На 15 јануари оваа година, во 00:30 часот, во угостителски објект во Струга, лоциран на улицата „Ристо Крле“, нарушен е јавниот ред и мир, пришто, Р.Д.(50) од Струга, се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница. Тој, најнапред вербално а потоа и физички бил нападнат од Б.Д.(50) од Струга, по што веднаш заминал од кафетеријата.

По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга, против Б.Д. ќе поднесе соодветна пријава.