16/04/2024
Охрид

Теристичка дезинсекција против комарци

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 27.06.2019 год. (четврток) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено охридското крајбрежјето на потегот од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид и потегот на реките Грашница и Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.