18/04/2024
Дебрца

Тешка сообраќајна незгода кај селото Песочан, повредени неколку лица

На 23.08.2020 во 07:45 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Песочан, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(57) од с.Порој, тетовско, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(22) од Скопје и патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Скопје.

Во незгодата, со тешки телесни повреди опасност по живот се здобила сопатничката во возилото „БМВ“, Х.Х.(53) од Тетово, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со тешки телесни повреди се здобиле и возачот на возилото „БМВ“ и сопатничката во истото возило, Х.Б.(24) од Тетово, кои биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид.