Тешко повреден работник од Кина кој паднал од платформа на автопатот во изградба Кичево-Охрид
На 03.06.2025 во 07:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа.
Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот.
Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори.
WebOhrid / 04.06.2025 / СВР Охрид