07/11/2025
Охрид

Тешко повредена жена од Австралија на улицата „Абас Емин“

На 25.06.2025 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.В.(49) од селото Долно Лакочереј, охридско, удрило во Л.Ш.(65) од Австралија, со престој во Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ш., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 26.06.2025 / СВР Охрид