20/04/2024
Охрид

Тешко повреденa жена велосипедист на кружен тек во Охрид

Синоќа (27.09.2022) во 21:35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека околу 19 часот на кружната крстосница од улиците „15-ти Корпус“, „7-ми Ноември“, „Железничка“ и „Ристо Чадо“ во Охрид, патничко моторно возило „шкода октавија“, управувано од Љ.С.(54) од Охрид, удрило во велосипед управуван од М.Џ.(19) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Џ. констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 28.09.2022 / СВР Охрид