19/04/2024
Охрид

Тешко повредена жена во сообраќајна незгода на улицата „Марко Цепенков“

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што синоќа во 19 часот и 20 мнути се случи на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид.

Во незгодата, Г.С. (48) од Охрид се здобила со скршеница на череп на глава, крварење во мозокот и рана на главата. Повредите биле констатирани откако со возило на итна медицинска помош, Г.С. била пренесена во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид, а поради сериозноста на повредите префрлена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.

Сообраќајната незгода е случена во момент кога, сега тешко повредената, по улицата управувала велосипед марка „Пони“ движејќи се кон кружниот тек со улицата „Момчило Јорданоски“. На критичното место, Г.С. изгубила контрола над велосипедот и со десната бочна страна удрила во задниот дел од паркираното возило и паднала на коловозот.

По овластување на дежурен Јавен Обвинител, на местото на настанот увид извршија полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид.