Тестирање на новиот Електронски систем за дигитална царина

Директорот на Царинската управа денес ја посети царинската испостава Скопје 4 (1014) во рамки на пилот проектот за воведување на Е-царина.

Оваа царинска испостава е една од првите три царински испостави каде „во живо“ се проверува функционалноста на новиот систем за обработка на царински декларации што треба да ја замени АСИКУДА. Во наредните четири месеци хартиената царинска декларација треба да биде заменета со електронска декларација. Дигиталната царина ќе биде клучно обележје на годинава како најголем реформски чекор за олеснување и забрзување на царинските постапки.