28/03/2024
МакедонијаРегион/Свет

Тим за спасување од Македонија помага при извлекување на повредени и расчистување на урнатини во Албанија

Тимот за спасување од урнатини на Дирекцијата за заштита и спасување придружуван од двајца припадници на МВР со куче трагач по пристигнувањето во Драч, Р.Албанија доцна во ноќта работеше на извлекување на повредени и расчистување на урнатините.

Тимот составен од 35 припадници на силите за заштита и спасување, вчера со комплетна опрема замина во Р.Албанија, со цел поддршка за справување со последиците од силниот земјотрес што го погоди подрачјето на градот Драч во Албанија.