25/04/2024
Охрид

Тимот на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ годинава брои над 20 стручни соработници

Гордана Лолеска, главниот „виновник“ за кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, која идната година ќе ја има четвртата сезона, ги најави новите 28 емисии со кои македонската јавност ќе се запознае до ретките болести.

„Пред 4 години една моја идеја да се направи нешто ново, нешто со што ретките болести ќе ги доближиме до граѓаните, благодарение на екипата на Супер радио од Охрид и поддршката на „Живот со предизвици“ доби аудио и визуелна форма. Една мала идеја прерасна во национална кампања емитувана на 50 локални и национални медиуми. Албанската верзија на кампањата се емитуваше во Косово и Албанија. Почнавме скромно, со двајца стручни советници кои деноноќно работеа оваа кампања да помине беспрекорно,“ – објави Лолеска на социјалните мрежи.

Таа додава дека тимот на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ оваа година брои над 20 стручни соработници од најразлични области.

„Со 111 ретки дијагнози обработени на македонски и албански јазик, нашиот тим победи. Многу работа, многу откажувања од слободно време, но со една цел – да ги доближиме ретките болести до сите Вас. Ви благодариме на довербата,“ – истакна Лолеска.