16/04/2024
Охрид

„Титоисти“ со честитка по повод 22-ри Декември

Здружението „Титоисти” – Охрид со честитка по повод повод 22-ри Декември, ден на Југословенската Народна Армија.

„Во редот големи датуми во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, едно од најзначајните места го зазема и 22-декември. Сега е вистинско време, постарите генерации да се потсетат, а оние помладите да научат нешто повеќе за значењето на овој датум, на кој во текот на Втората Светска Војна, во градот Рудо во Босна и Херцеговина, формирана е Првата Пролетерска Народноослободителна Бригада, како дел од партизанските единици. Оваа воена формација е предвесник на Југословенската Народна Армија, која своето конечно име го добива на денешен ден, 1951 година.

Во годините кои што следеа, со копнена војска, со тенковски и оклопни бригади, со артилериски и против – тенковски единици, и со против – воздушна одбрана, оваа формација прерасна во четврта воена сила во Европа, во која беше чест да се служи, затоа што земјата го заслужуваше тоа.

Иако оваа армија денес може да се најде само во спомените на нашите предци, вреди тие сеќавања да се пробудат, за секоја наредна генерација да знае што значи љубов кон татковината, и всадувањето самосвесност за почитување на нејзиниот интегритет и идентитет. Војниците на ЈНА постоеја за да го чуваат сонот на 25 милионската држава, која човекот не го делеше по никаква основа. Тие беа столб на безбедноста, почитуван и сакан од сите.

Во тоа име, споменот на неа е вреден, затоа што и македонските војници беа значаен дел од овој сегмент на Југословенското државно уредување, иако денес многумина се обидуваат да ги негираат нивните достигнувања. Но, иако владејачките структури можат да ја менуваат историјата во корист на некои свои лични убедувања, колективното сеќавање не може да го избрише никој. А во него, ЈНА има високо морално и вредносно место!

Нека е честит денешниот ден!“– стои во честитката.