20/04/2024
Македонија

„Тоби“ премиерно во Театарот за деца и младинци

Утревечер (4.04.) со почеток од 19.00 часот во Н.У. Театар за деца и младинци-Скопје, ќе се одржи  премиерната изведба на детската куклена  претставата „Тоби “ по текст на Флоријан Зденек, а во адаптација на текст и режија на Драгослав Тодоровиќ …
 
Како што вели режисерот, овој пат Театарот за деца и младинци подготвува навистина специфична бајка длабоко мотивирана од чисти хумани сфаќања.
Во главните ролји настапуваат Марија Ѓорѓијовска,  Катарина Илиевска Силјановска,Винета Дамческа Мојаноска и Ана Левајковиќ Бошков.