24/04/2024
Охрид

Тодева-Стојановска: Проекти за сите во Охрид – функционално, ефикасно и модерно место за живеење во секој еден негов дел

„Нашата визија е Охрид да стане функционално, ефикасно и модерно место за живеење во секој еден негов дел.“ – истакна Билјана Тодева-Стојановска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид на листата од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, од коалициониот партнер Социјалистичка партија на Македонија.

„За таа цел гарантираме проекти,

Во населбите Билјанини Извори, Даме Груев, Горна Влашка маала и Железничка:

– Изградба на детски игралишта.

Во населбите Видобишта, Бараки и во Илинден:

– Изградба на ново мултифункционално спортско игралиште; Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „Ристо Чадо” и „Андреја Јованоски”.

Во населба 15 Корпус:

– Поставување на забавувачи на брзина на улица „Кленоец“.

Во населбите Далјан, Воска и Лескајца:

– Реконструкција на ПОУ „Свети Климент Охридски” и партерно уредување, Изградба и реконструкција на современи детски игралишта, Реконструкција на пешачка патека Лабино-Далјан, Партерно уредување на речното корито на река Грашница.

Во Подмоље:

– Изградба и реконструкција на канализационен систем, Поставување автобуски постојки.

Во Рача:

– Уредување на корито од реката што поминува низ Рача, Асфалтирање на главни и споредни улици и изградба на тротоари.

Во Коњско:

– Изградба на рекреативна патека, Поставување автобуски постојки.

Во Елшани:

– Изградба и реконструкција на детско игралиште, Изградба на пешачка патека.

Во Пештани:

– Доизградба на кејот на брегот на езерото, Реконструкција на отвореното спортско игралиште во рамки на ОУ „Свети Наум Охридски“.

Во Трпејца:

– Реконструкција на ПОУ „Свети Наум Охридски”, Изградба и реконструкција на канализационен систем.

Во Љубаништа:

– Изведба на пешачка патека од Љубаништа до Автокамп Љубаништа, Санирање на Домот.

Во Вапила:

– Санација на металната ограда на мостот, Поставување на водоводна мрежа.

Во Ливоишта:

– Чистење и уредување на речното корито, Изведба на резервоар за питка вода и целосно одделување на водоводниот систем од Вапила.

Во Куратица:

– Изградба на нов водовод, Асфалтирање на патот до црквата Света Богородица, Тампонирање на патот од Куратица до Злести.

И ова не се сите проекти, туку само дел од програмата „За Охрид Гарантираме“.

Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!

7 за проекти во цел Охрид!

7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.“ – истакна Тодева-Стојановска.