05/12/2024
Македонија

Томислав Тунтев ја презеде директорската функција во Агенцијата за цивилно воздухопловство

Со одлука на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, функцијата Директор на АЦВ, официјално ја презема Томислав Тунтев.

Позицијата директор на Агенцијата, во присуство на раководниот тим и вработените во АЦВ,  му ја предаде досегашниот директор, Горан Јандреоски.

На чинот на примопредавање на функцијата, Јандреоски го информираше колегата Тунтев, за досегашните резултати на АЦВ постигнати на домашно и меѓународно ниво, како и за ативностите кои и престојат на Агенцијата, за продолжување на трендот на напредок на институцијата, во постигнување на заедничката цел, креирање современ, европски етаблиран, еколошки одржлив, брз и ефикасен воздушен транспорт, респектибилен од меѓународните воздухопловни партнери од Европа и светот.