23/04/2024
Охрид

Торта за градоначалникот од Здружението на жени „Бисера“

Здружението на жени „Бисера“, денес по традиција ги почести градоначалникот, Јован Стојаноски и општинската администрација со вкусна торта која беше претставена на манифестација “Тортијада“ што викендов се одржа во Охрид.

Претставничките од „Бисера“ ги прими градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски кој им посака успешни наредни “Тортијади“ во градов и вети дека Општината во рамки на своите ингеренции и можности ќе ги подржува случувањата од ова здружение со кои градов успешно е претставен и надвор од границите на Македонија. Се разговараше и за останатите проекти и проблеми со кои здружението се соочува и можностите за нивно решавање.

Манифестацијата „Тортијада“ во Охрид се одржува по 22-ри пат и од година во година буди се поголем интерес кај припадничките од понежниот пол.