ТППЕ Охрид спроведе обука за противпожарна заштита за армиските припадници во Центарот за обука на вода
ТППЕ Охрид – Пожарна во текот на денешниот ден изврши теоретска и практична обука во Центар за обука на вода, на армиските припадници, во областа на противпожарната заштита – процесите на горење, динамика и развој на пожарите, зони и фази на развој на пожарите, динамика на зачадување во објекти, производи на пожарот кои се ослободуваат при процесот на горење, класи на пожари, најчести опасности за настанување на пожари и превземање на превентивни мерки, евакуација на персоналот во случај на пожар, запознавање со прирачните средства за гаснење на пожари и нивна правилна примена.
ТППЕ Охрид упатува благодарност до армиските припадници за нивната исклучителна посветеност и соработка.
WebOhrid / 09.07.2025 / ТППЕ Охрид
