24/04/2024
Македонија

Традиционален Велигденски концерт на „Танец“

По повод големиот верски празник Велигден, ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, вечерва од 20 часот,  во Македонскиот народен театар ќе го одржи традиционалениот Велигденски концерт …

„Танец”, кој повеќе од шест децении е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура на концертот ќе се претстави со голем број песни и кореографии од македонската музичка традиција. Овој месец велигденски концерти „Танец“ ќе одржи и во Битола на 16 април и во Охрид  на 17 април, а по повод големиот христијански празник концерти  низ земјава ќе одржи и во мај  и тоа во Велес и во Гевгелија.
 
Tanec_600
„Танец“ е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Овој наш културен амбасадор кој ја презентира богатата македонска традиција во земјата и во светот учествувал на повеќе од 4.500 концерти, а за неговите успеси говорат и бројните награди и признанија како што се „11 Октомври”, „Климент Охридски”, наградата од градот Скопје „13 Ноември” како и орденот на заслуги доделен од претседателот на Република Македонија.