29/03/2024
Охрид

Традиционална крводарителска акција „Плаошник 2018“

Традиционалната крводарителска акција „Плаошник“ – 2018 која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид. Акцијата ќе се одржи под мотото „Освежи си го денот, дарувај крв, спаси живот!“ на 8 август (среда) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (четврток) во периодот од 9-13 ч.

Црвен крст Охрид ги поканува сите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.