28/03/2024
Охрид

Традиционална крводарителска акција за празникот Свети Климент

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во спортската сала на ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (сабота) во периодот од 19:00 до 24:00 часот и на 9 август (недела) во периодот од 9:00 до 13:00 часот.

Црвен крст ги поканува сите наши хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција.

Акцијата ќе биде реализирана со примена на сите протоколи, мерки и препораки за заштита од COVID-19.