25/04/2024
Спорт

Традиционално ќе се одржи 44-от Турнир во мал фудбал „Петровден“ – Мешеишта

Во Мешеишта, традиционално ќе се одржи 44-тиот по ред турнир во мал фудбал „Петровден“. Познатиот турнир ќе се одржи од 19.06.2018 до 12.07.2018 год.

За учество на турнирот секоја екипа треба да плати 3.000 денари, a пријавувањето на екипите ќе биде до 17.06.2018 година (недела) до 20:00 часот и ќе се врши кај Крцоски Игор – Манце на телефонот 075-701-800.

Распоред на екипите во групи ќе се врши на 18.06.2018 год. во 21:00 часот во Домот на култура во Мешеишта (кај Полигонот), кога воедно ќе биде соопштен и фондот на наградите.

Огранизациониот одбор „Петровден“ Мешеишта ги замолува сите заинтересирани екипи да го запазат терминот за пријавување 17.06.2018 до 20:00 часот, во спротивно по изминатиот рок нема да се врши пријавување.