28/03/2024
Охрид

Трајче Кацаров – добитник на престижната награда „Григор Прличев“ за наградената поема за 2021

Трајче Кацаров – добитник на престижната награда „Григор Прличев“ за наградената поема за 2021 година „Цветко“, под шифра: Когито.

Трајче Кацаров е поет, раскажувач, есеист и драмски автор.

Работи како драматург во НУЦК „Ацо Шопов“ – Народен театар Штип.

Наставен доценте е на Интернационалниот универзитет за аудио-визуелни уметности „Еуропа Прима“

Во 1993 година го основа Списанието за уметност СУМ и до ден-денес е негов главен и одговорен уредник

Во 1996 година со група истомисленици, го основа списанието Месечникот за театар „Тренд театар“ и станува негов уредник.

Во 1997 година со група автори, го основа весникот на ДПМ „Стожер“

Од 2017 година е главен и одговорен уредник на Списанието на ДПМ „СТОЖЕР“

Како издавач има објавено триесетина книги од науката, есеистиката, уметноста и публицистиката, меѓу кои се: „Маларме“ од Ги Мишо, „Вера и скпеска“ од Јиржи Менцел, „Системот на Антонен Арто“ од Вадим Максимов, „Актерската игра“ од Михаил Чехов.

 

Автор е на книгите:

Поезија:

“Во подмишките на будилникот”, 1986 год.

“Го следите ли Хорхе”, 1991 год.

“Дискретниот шарм на Кус Де Ру”, 1993 год.

“Регтајмот на господинот Налче”, 1997 год.

“Емигрантот Цвик” 2003 год.

“Приствието прилича на мен“” избор на бугарски ’02 год

„Поезија“избор,2004год.

„Волноумци“ избор 2007 година

„Инакумислешти“ избор на бугарски јазик 2010 година

„Форма на молкот“ , 2011 година

„АКО“ поема 2011 година

„Песни за Таја“ 2016 год

„Ако“ –Поема, Београд, Србија 2017 год.

,,Три бои на љубовта,, 2021 год.

 

Проза:

“Цартаровата чичитра”, 1996 год.

“Дневникот на Омир”, 1999 год.

“Павиљон за глунци” избор 2003 год.

,,Татко и отец,, 2008 год.

,,Татко и Отец“ превод на бугарски јазик, 2010 год.

„ЈАД“ роман, 2015 година

„О, зарем тоа сте вие господине Памук“, роман, 2016год.

„Како станав Амадеус“, роман 2019 год.

,,Као го убив Мандрак,, -роман, 2021 год.

 

Пиеси:

“Да не беше дождот”, 1993 год.

“Фалцот на змијата”, 1996 год.

“Ноќта во која светилката не треба да згасне”, избор ‘99 год.

“Гард” избор 2003 год.

“Чалик чамак” избор 2005 год.

„За само један дан“ избор на српски јазик 2011 година.

„За самио један дан“ пиеса објавена на хрватски јазик 2013

,,Шешири“ – Пиеси, Арс Поетика, Белград, 2016 год

,,Со вкус на овошен слаодолед“ Пиеси, Солсон, Скопје, 2017

„Цурки Палки“ –Пиеси, Тврдинја, Луцк, Украина 2017.

„Брачниот живот на Зона Занфирова“ – пиеса, МИАН, 2019 г

 

Творби за деца:

“Сулендари”, пиеса 1995 год.

“Ети ја спасува тера”, пиеса 1997 год.

„Волшамба“ – пиеса

„Другото е помалку важно“ избор пиеси 2011 година

„Ојле Брада во животинска балада“, балада 2013 година

„Скаските на Мето од петто“, раскази, 2015 год

„На пат за Таратамбо“, поезија

„Енци-менци одделенци“-поезија

„Не паркирај гаража“ – роман

„Приказна за мачорот АЛ“

„Дрн дрн и морето од приказни“ – пиеса

,,Не паркирај гаража,, на украински 2021 год.

,,Мечето Мњери Ум,, роман за деца 2021 год.

 

Есеи: “Времето во театарот”, 1997 год.

“Време на моментот”, 2001 год.

“Белиот слон” 2003 год.

“Белиот слон” избор 2003 год.

„Календар за годините што поминале“ 2012 година

„Единство на лицата“ 2013 година

„Двонасочната релација, театар публика“, магистерски труд 2015

„Малцинство од еден“, драматуршки белешки, 2015 год

„Чекорење во осаменост“, театроилошки записи, 2021 год

 

Застапен е во повеќе антологии кои што ја третираат македоснката современа драма, објавени во Загреб-Хрватска, Софија – Бугарија и Скопје – Македонија.

Како поет застапен е во повеќе антологии и избори на македоснката современа поезија, објавени кај нас и во странство.

Дел од неговото творештво:песни, театарски есеи, пиеси, раскази, романи, творби за деца, преведени се на: руски, бугарски, српски, хрватски, албански, словенечки и украински јазик.

Негови пиеси се инсценирани на повеќето театарски сцени во Македонија и надвор од неа.

 

1.”Идиотите никогаш не умираат” Читалиште „Св. Климент Охридски“ Софија, Бугарија

2.”Ноќта во која светилката не треба да згасне”-Драматично куклен гтеатар „Рачо Стојанов“ во Габрово, Бугарија

3.”Гард”-Драматично куклен театар „Димо Димов“ во Крџали-Бугарија

4.”Долго доаѓање на петлите” Драматично куклен театар „Константин Величков“ во Пазарџик

5. „Сладолед со вкус на овошен сладолед“ – Драмски театар „Константин Величков“ во Пазарџик.

6. „За само еден ден“ –Хрватско народно казалиште-Вараждин, Р. Хрватска 2012 год

7. „ На клупата“ Театар „Мист“ Киев Украина

8. ,, На клупата,, Театар Добрица Милутиновиќ“ Сремска Митровица, Србија

9. „На клупата“ Културен центар Чукарички во Белград.

 

Превел од бугарски на македонски:

–              “Одисеј патува за Итака“ пиеса од Константин Илиев

–              “Клучот“ пиеса од Калин Илиев

–              “Скривницата на Силвестр“ пиеса за деца од Анжел Вагенштајн

–              “Сако од велур” пиеса од Станислав Стратиев

–              „Свилена ѕвезда“ пиеса за деца од украински јазик заедно со Димитар Христов.

–              “Јaс за себе” поезија од Димитар Стефанов

–              “Ништо ново” поезија од Екатерина Јосифова

 

За Трајче Кацаров пишувале скоро сите театарски и книжевни критичари од Македонија.

Колумнист е од 2000 година, во „Нова Македонија“, “Време“, „Утрински Весник“, „Штипски глас“

 

Награди:

1.              ,,Рациново признание“ за најдобра прозна книга за 2009 година

2.              ,,Прозни мајстори“ за најдобра прозна книга на Фондацијата „Македонија презент“ за 2010

3.              ,,Јован Котески“ за најдобра поетска книга 2011 година

4.              Наградата за најдобра поема за 2011 година „Григор Прличев“

5.              Наградата на ДПМ за најдобра книга за деца „Ванчо Никиолески“ за романот за деца „Не паркирај гаража“

6.              Награда „Ацо Караманов“ за циклусот „Песни за вистината“

 

Признанија:

1.              „8-ми ноември“ за Штипско културно лето

2.              „Личност на годината“ Собрание на Општина Штип, за 2004 година

3.              „Деец во културата“ за 2004 година. Доделува Радио Штип и ТВ “Стар“

4.              „8-ми Ноември“ на Собранието на Општина Штип, за 2010 година, за романот „Татко и Отец“

5.              “За особен придонес во културната соработка“ на Министерството за култура на Р, Бугарија, 2011 година


WebOhrid / 11.01.2022 / Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид