19/04/2024
Писма/Колумни

Трајкоски: Дебрчани ја имаат мојата поддршка во борбата против изградба на регионална депонија

Како поранешен Градоначалник на општина Дебрца, со цел во јавноста да не постојат двоумици во однос на регионалната депонија, сакам да Ве информирам за сите работи кои јас ги имам превземено со цел да се спречи изградбата на ова зло за општина Дебрца кое и денес категорично го отфрлам.

Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на 31.10.2016г. до општина Дебрца поднесено е барање за предлог локации во општина Дебрца на кое јас како Градоначалник ги известувам дека нема соодветна локација за изградба на ваква депонија.

Се до оној момент кога имаше јавна расправа за презентирање на студијата за изградба на регионална депонија во бензиската пумпа еко петрол во с.Мешеишта јас не знаев дека токму Дебрца ќе биде предлог за изградба на ваква депонија. На јавната расправа на која беа присутни жители на општина Дебрца како и сегашниот градоначалник јас зедов збор и категорично ја отфрлив ваквата идеја и со аргументи образложив зошто не треба да се гради ова зло за Дебрца.

Веднаш после тој ден ги повикав кај мене претседателите на месните заедници и засегнати жители од овој крај на Дебрца кои заедно со мене застанаја против оваа налудничава идеја за што одржавме прес конференција и упативме апел до надлежните да ја отфрлат оваа идеја.

Наредните денови поднесов иницијатива до советот на оптина Дебрца за свикување на итна седница со единствен дневен ред РЕФЕРЕНДУМ за изјаснување на сите жители по ова прашање


која иницијатива беше отфрлена од страна на советниците од сдсм и сегашниов градоначаник, предлагајќи некакви резолуции-декларации се со цел да нема можност да се изјаснат граѓаните.

После некое време натегања и препукувања конечно советниците ја прифатија оваа иницијатива и конечно се спроведе референдумот на кој граѓаните изгласаја дека не сакаат депонија на територијата од Дебрца. Верувајте тој период потрошив повеќе енергија отколку за кампањата на локалните избори барајќи повторно мандат од граѓаните, бев изложен на клевети од страна на сегашниот градоначалник а тогашен претседател на сдсм Дебрца, клеветејќи ме до таа мера дека јас сум потпишал да се гради депонија кое доведе на еден собир во с.Годивје еден од присутните да ми упатува закани за моја ликвидација што е ван секој здрав разум.

Затоа го повикувам сегашниот градоначалник доколку има документ дека сум потпишал изградба на ваква депонија јавно да го обелодени и да престане да шири невистини, ако нема еднаш нека се замолчи и да престани да се занимава со мене туку да се фати за работа бидејќи на граѓаните им ветуваше како на личен така и опшествен план брда и долини само да ја постигне целта.

Исто така го повикувам премиерот Зоран Заев да ја почитува вољата на граѓаните од РЕФЕРЕНДУМОТ кој е 100% успешен по примерот на референдумите од другите општини каде се затвораат рудници, да ја отфрли оваа налудничава идеја за изградба на депонија во Дебрца и секако да си достои на ветеното во Белчишта (може да се види од видеото)

дека НЕМА да се изгради депонија во дебрца бидејќи ЗБОРОТ Е ЗБОР.

На крајот сакам да порачам дека Дебрчани ја имаат мојата подршка во борбата против ваквата идеја и заедно како и до сега ќе бидам на страната од народот.

Со почит.
Игор Трајкоски
Поранешен Градоначалник на Општина Дебрца

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.