23/04/2024
Спорт

Трајковски: Ќе се бориме до крај, веруваме во себе и ќе дадеме се од себе за да ја постигнеме целта

Александар Трајковски, македонскиот репрезентативец го коментираше вчерашниот дуел со Австрија и поразот од 3:1. Тој смета дека Австријците не се ништо подобри од нашата селекција, и дека само двата евтини примени гола на крајот придонеле за поразот.

“Искрено мислам дека одигравме 70. минути добар фудбал компактно и се боревме до крај потоа ги примивме тие наивни голови од еден центаршут и еден аут. Не можам да кажам дека Австријците беа поквалитетни од нас. Ние создадавме шанси, игравме наш фудбал, покажавме дека можеме со секого и мислам дека ако продолжиме вака дека ќе дојдеме до поволен резултат. Оваа Македонија никогаш нема да се предаде, имаме уште два натпревари до крај, па потоа ќе видиме што ќе се случува“, рече Трајковски.

Тој се заблагодари на публиката за поддршката од трибините и верува дека ќе им се оддолжи со добри игри и резултати на другите два меча 

„Благодарност што дојдоа толку многу луѓе, на крај сакавме од првиот меч да имаме позитивен резултат, но се надеваме дека во следните два меча ќе дојдеме до тоа. Ќе се обидеме да ја поминеме оваа група, и да ги направиме горди фановите. Ние ќе се бориме до крај“, вели Трајковски.

Репрезентативецот вели дека има доволно време за селекцијата да се подготви за следниот меч со Украина

„Имаме уште време до натпреварот, треба да собереме сили за следните два натпревари. Ќе ја гледаме мечот да видиме каде сме грешеле, имаме време да се одмориме. Атмосферата останува иста, доволно сме мотивирани, затоа што знаеме дека има шанса да поминеме понатаму. Нема потреба да паѓаме доле, главата горе“, вели Трајковски.

Трајковски смета дека дуелот со Украина ќе биде клучен меч.

„Со Украина ќе биде клучен натпревар. Има после и со Холандија, но ако ја победиме Украина имаме големи шанси да ја поминеме групата. Затоа мора да се фокусираме на тој меч.“